Ги спои лицата на Кајли и Тревис: Како ќе изгледа Сторми кога ќе порасне?
Видеата на Џули Жизел честопати стануваат вирални бидејќи прави луди работи во програма за уредување. Таа започна да ја покажува својата вештина на социјалните мрежи и го привлече вниманието на луѓето со тоа што почна да ги поврзува лицата на познатите за да открие како ќе изгледаат нивните деца.
Некогаш имаше популарни апликации и страници каде што можете да ја ставите вашата фотографија и фотографијата од вашата симпатија и да откриете како ќе изгледаат вашите деца. Сега една девојка прави нешто слично на тоа, само многу поквалитетно и тоа од фотографиите на познатите личности. Ако некогаш сте се запрашале како би изгледало детето кое би го имале Џастин и Хејли или Били Ајлиш како маж, оваа девојка веќе го направи сето тоа и луѓето се воодушевени. Таа ги зема лицата на познатите, ги преклопува, зема некои карактеристики од лицето на едната личност, други од другата и ги спојува сите во едно. Најпопуларното видео што го објави досега беше она во кое ги спои лицата на Кајли и Тревис за да види како би изгледала Сторми кога ќе порасне.
@juliagisella Reply to @usernamebqmdo239 this turned out unexpected#kyliejenner #stormi #art
Cure For Me - AURORA
Сите ги интересираше резултатот, а од тоа колку добро испадна, беше и самата изненадена. Ако Сторми порасне вака, ќе биде навистина убава, и без пластичните операции кои се толку популарни во нејзиното семејство.
Џули редовно објавува нови видеа, а изборот за тоа на која позната личност да работи најчесто ги остава во рацете на нејзините следбеници и ги исполнува желбите што и ги пишуваат за неа.