Ги терала учениците да имаат крпа на главата за време на онлајн испит: Како можела професорката да го спречи мамењето на друг начин?

Ги терала учениците да имаат крпа на главата за време на онлајн испит: Како можела професорката да го спречи мамењето на друг начин?

Објавена во: Совети // School zone

Кон крајот на минатиот месец во голема бура предизвика веста дека една професорка во Ветеринарното училиште во Загреб им наредила на учениците за време на онлајн испитот да стават крпа на главата.

Тоа го стави во фокус големиот проблем кој во Хрватска веќе со години не се решава - мамењето на учениците за време на испитите. Методата со прекривање на главата со крпа за време на испитите што се спроведуваат онлајн ги доведува учениците во непријатна ситуација, смета професорот од Медицинскиот факултет во Загреб, Мирза Жижак.

Професорот Жижак е професор по физиологија и имунологија и раководител на Кабинетот за е - учење на МЕФ. Специфично го координира разводот на е - учењето на МЕФ и во рамките на тоа донесува голем број одлуки за тоа како да се спроведе е - учењето на тој факултет. Преку официјалната веб - страница, STUDMEF објасни зошто наредбата која им се дава на учениците за да ги прекријат главите со крпа за време на испитите не е добар потег и ги советуваше наставниците за тоа како можат на подобар начин да го следат спроведувањето на испитите кои се одржуваат онлајн. Неговиот статус го пренесе порталот srednja.hr.


„Денешната вест за една професорка која најверојатно е во игноранција и во желба да спречи евентуално мамење за време на усмениот онлајн испит, се послужи со необичен (навидум едноставен) метод, кој учениците ги става во непријатна и секако неприфатлива ситуација, која не би требало да се практикува. Усниот испит е (церемонијален) завршен чин на еден предмет при кој се презентира знаењето стекнато за време на учењето. Факт е дека ретко каде може да се провери вистинското знаење на целиот предмет. Наместо тоа, се проценува знаењето на студентот за поставените прашања. Понекогаш ваквите прашања се „лесни“, друг пат „тешки“, сето тоа зависи од тоа дали на студентите им биле дадени прашања во кои тие се одлични или прашања што не ги разбрале целосно или не успеале да ги обработат. Значи, постојат многу фактори кои може да влијаат на самиот усен испит.

За време на испитот е исклучително важно да се биде крајно исправен и објективен и да се настојвуа студентот да се чувствува пријатно за време на испитот и да не биде под стрес. Не е проблем да не знае (поради тоа постојат и други опции за оценување). Проблем е кога до завршната оценка се обидува да дојде до недопустлив начин (со мамење). Тогаш испитот станува сè, само не свечен завршен чин по некој предмет.

Дејството на наставничката од насловната страница на еден портал предизвика измешани чувства. Првенствено тоа беше насмевна (секако не злонамерна) која брзо со промени со тага, затоа што случајот со постапката на наставничката покажува колку надлежните, односно сите оние кои се грижат за образованието во вакви вонредни околности да биде што поуспешно, не се погрижиле да им помогнат на наставниците кои не се снаоѓаат најдобро во оваа онлајн виртуелна средина. И тоа не е проблем само на споменатата наставничка, колку што се сеќавам, нешто слично се случи и на еден наш факултет.

Во последно време, како шеф на Канцеларијата за е - учење и одговорно лице за изнаоѓање на решенија за проблемите поврзани со виртуелната настава на МЕФ, сè почесто добивам прашања за тоа како да се сопре мамењето на усните испити. Имено, во текот на времето работејќи во онлјан опкружувањето, расте и снаодливоста на оние кои сметаат дека е сосема нормално да се мами на испит. 

Факт е дека веќе имаме професори кои се противат на усното испрашување во онлајн опкружување, сметајќи дека низ таквиот вид на испрашување не може да се спречи мамење. Исто така, факт е и дека камерата од лаптопот кој го прикажува студентот за време на одговорањето нема можност да покаже што се наоѓа на екранот од лаптопот. Која е гаранцијата дека за време на испитот, поединци немаат различни помагала на екранот на лаптопот. Дури ниту најискусните испитувачи понекогаш не можат лесно да откријат дали се користи екранот на лаптопот за полесно полагање на испитот. Затоа, како да им се овозможи на наставниците да ги спроведат усните испити онлајн во што повеќе контролирани услови, без да ги ставаат учениците во непријатна ситуација.

Овие прашања станвуаат ирелевантни со примената на едноставниот, практичен, лесно достапен и навистина ефикасен метод на надзор што може да се спроведе за време на испитот.

Имено, доволно е искуството стекнато на писмените испити под надзор да се пренесат во усмена форма на испитот. Што треба да се направи? Доволно е студентот да се вклучи на платформата на која следи наставата (секако со камера), а истовремено да му се вклучени и лаптопот и паметениот телефон.

Потоа, паметниот телефон да е поставен бочно, на начин што видното поле на камерата на телефонот ќе го покажува екранот на лаптопот и околината околу лаптопот преку кој се спроведува усниот испит.

Овој пристап не ги става учениците во непријатна ситуација (врзани очи, крпа на главата или некои слични неприфатливи методи), а наставникот не чувствува дека испитот се спроведува во неконтролирани услови.

За жал, ваквите вонредни ситуации доведуваат до вонредни мерки, но доколку сакате да постигнете правичност и еднаквост за сите во системот, тогаш итните мерки имаат своја цел и значење и обезбедуваат скоро исти услови како во класичното контролирање на контактиот модел на усмен испит.“ 

фото: Pixabay

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: