Ги воодушеви апсолутно сите: Ученик од гимназија во Хрватска направи генијална презентација

Ги воодушеви апсолутно сите: Ученик од гимназија во Хрватска направи генијална презентација

Објавена во: Совети // School zone

Доколку некој некогаш има смислено интересна презентација, тогаш дефинитивно тоа е Лукас...

Несекојдневна ситуација се случила во Дарувар, Хрватска, поточно во тамошната гимназија. Имено, нивниот час по историја требало да изгледа како и секој друг, но благодарение на имагинацијата и талентот на ова момче, ова било сè, само обичен час по историја не. Ученикот од трета година, Лукас Лујанац, одржал презентација на тема модните трендови од 19-от век, а сите ги воодушевил со реквизитот кој го прикажал и дополнително ја доловил темата.

Лукас Лујанац е главниот лик на оваа преубава приказна која доаѓа од Дарувар, Хрватска, а е ученик во трета година во тамошната гимназија. Лукас ги воодушевил своите пријатели од класот, но и самиот професор и останатите вработени во училиштето со својата генијална идеја со која сакал да направи поинаква и попосебна атмосфера за време на неговата презентација по историја.

Одржал презентација на тема модни трендови од 19-ти век, а за на соучениците освен на вербален начин, истите трендови им ги прикажал и визуелно, со тоа што сошил прекрасен фустан кој потекнува од тој период за на подобар и поуверлив начин да ја заокружи својата презентација за модните трендови.


И повеќе од очигледно е дека апсолутно сите биле воодушевени од неговата идеја, бидејќи станува збор за навистина сликовит и реалистичен приказ на темата, но станува збор и за фактот дека Лукас навистина е креативно и талентирано момче, кое само успеало да сошие фустан во нормална величина. Во текот на неговата презентација, како модел излегла неговата пријателка од класот, која го прикажала овој модел на фустан од 19-от век. Многу следбеници на гимназијата во Дарувар на Фејсбук биле воодушевени од генијалноста на Лукас, каде е објавена оваа прекрасна приказна.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: