Ги воодушеви луѓето: Наставник го сподели трикот кој го користи за оценување на тестови

Ги воодушеви луѓето: Наставник го сподели трикот кој го користи за оценување на тестови

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Наставник по математика го сподели својот медот, кој оценувањето на тестовите го прави позабавно. На ТикТок откри дека од популарните мемиња направил налепници кои ги лепи на тестовите, зависно од бројот на точните одговори кои ги имале учениците.

„Најдобрата работа која наставникот може да ја има“ - напиша @Jjgrubb, па покажа како тоа изгледа.

На оној текст на кој има од 15 од 30 точни одговори лепи налепница со маж опружен со прашалници, додека ученикот кој имал 14 од 30 точни одговори добивал налепница од постара жена која пие чај, а на неа пишува: „Подготви се за повеќе учење“.

Ученикот со 19 од 30 точни одговори добива налепница со ликот на Бен Стилер кој држи кренат палец и порачува: „Добро завршена работа“.

@jjgrubb

A meme sticker for every grade  #fyp #foryoupage #teachersoftiktok #meme

original sound - grubb

Откако се појави ова видео, истото собра 20 милиони прегледи, а луѓето се воодушевени од оваа идеја.

„Не би можела да се налутам доколку добијам слаба оценка со оваа налепница“, „Мене би ме мотивирало да станам подобар“, „Како родител би се смеела, воопшто не би обрнувала внимание на оценката“, „Сите би требало да имаат вакви наставници“ - се само некои од коментарите.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: