Ги воодушеви сите уште со првите стихови: 17-годишна девојка маестрално отпеа песна од Дорис Драговиќ (ВИДЕО)
Добила аплауз во истиот момент кога почнала да пее...
Почнала да пее и веднаш било јасно дека тоа е тоа, дека сите се на нејзина страна и дека сигурно ќе оди понатаму. Ема има 17 години, а веќе пее многу добро. Се одлучила за песна, која не се слуша често на такви натпреварувања.
Некои натпреварувачи од талент шоута уште во првите секунди од својот настап ја воодушевуваат публиката и луѓето стануваат на нозе, пеат со нив, аплаудираат... Токму ова и успеа на Ема. Само што почнала да пее, сите почнале да ѝ аплаудираат. Има 17 години, а зад себе веќе има искуство и некои позначајни успеси.
Во хрватскиот „Суперталент“, Ема Увалиќ се претстави со песната „Једини“ од Дорис Драговиќ. Таа песна за неа има посебно значење, како и самата пејачката. Уште на 9 и 13 години настапувала со Дорис Драговиќ на нејзините поголеми концерти, па поради ова стравот од јавни настпаи е непознат поим за неа.
Доби четири „да“. Жирито навистина ја пофали, а машкиот дел од жирото ѝ посочи дека би сакале да ја слушат како пее нешто што е надвор од нејзината комфорна зона.
фото: Принтскрин /