Ги замолиле тинејџерите да поминат 8 часа без телефон и Интернет: Рискиот експеримент ќе ви ја заледи крвта
Семеен психолог смислил интересен експеримент. Имено, сакал да ја тестира својата хипотеза дека совршените деца се премногу анимирани, и поради тоа не се способни да се справат со својата внатрешна состојба.
На деца од 12 до 18 години им било понудено доброволно да поминат 8 часа сами со себе, без мобилен телефон, Интернет, радио и телевизија.
Им било дозволено да пишуваат, читаат, свират на музички инструменти, цртаат, да прават рачни изработки, да пеат, одат и така натаму.
Авторката на експериментот, која имаку е семеен психолог, сакала да ја тестира својата хипотеза дека совршените деца се премногу анимирани, поради што не знаат да се однесуваат кога ќе останат сами.
Според правилата на експериментот, децата морале да дојдат утредента кај неа и да ѝ ги раскажат своите впечатоци за времето поминато во самотија. Во текот на експериментот им било дозволено да ги запишуваат своите чувства, додкеа психолот можел да го прекине експериментот ако воочи дека детето е напнато, дека му е непријатно или се чувствува анксиозно.
Психолот верувал дкеа експериментот е безбеден и безопасен, но никој не очкеувал вакви шокантни резултати. Од 68 учесници, само тројца: две девојчиња и едно момче го завршиле експериментот.
# Три деца добиле самоубиствени мисли.
# Петто доживеало акутни „панични напади“.
# Учесниците имале мачнини, се потеле, имале вртоглавица, налети на топлина, болка во стомакот, чувство како да им „поместуваат“ влакната на глава и така натаму.
# Скоро сите имале чувство на страв и анксиозност.
Сето ова настанало само по два, три часа од започнувањето на експериментот. Десет деца го прекинале по нешто повеќе од 3 часа, останатите уште во првите два.
Девојчето кое го „преживеало“ експериментот до крај, ги запишувало своите состојби, а кога психилогот ги читал белешките се наежил од непријатност.
Што правеле тинејџерите за време на експериментот?
# готвеле или јаделе;
# читале или се обидувале да читаат;
# завршиле неколку училишни задачи (бидејќи било распуст, па ова го направиле од очај);
# гледале низ прозорецот или шетале низ станот;
# оделе надвор да прошетаат до продавница или кафулето (им било забрането да комуницираат со други луѓе, но келнерот и касиерката не се сметаат);
# сложувале сложувалки или лего коцки;
# ја фарбале косата;
# се бањале;
# ја чистеле собата или станот;
# си играле со кучето или мачката;
# вежбале или се истегнувале;
# свиреле гитара, клавир (еден свирел флејта);
# ги запишувале своите чувства;
# тројцата пишувале поезија или проза;
# едно момче скоро 5 часа се возело со автобус или тролејбус низ градот;
# една девојка везела;
# едно момче отишло во луна парк, по три часа се откажал од експериментот;
# една девојка заминала во музеј, друго момче во зоолошка градина;
# една девојка се молела;
# едно момче пешачело од едниот крај на градот до другиот (околу 25 километри);
# скоро сите се обидувале да спијат, но скоро никој не успеал, објаснувале дека „глупави мисли“ им се мотале низ глава.
Кога се откажале од експериментот, 14 тинејџери веднаш ги провериле социјалните мрежи, 20 ги повикале пријателите од мобилниот телефон, тројца ги побарале родителите, пет заминале кај пријателите. Останатите го вклучиле телевизорот или едноставно гледале нешто на Интернет.
Покрај тоа, скоро сите вклучиле музика веднаш или ставиле слушалки на уши.
Сите стравови и симптоми исчезнале веднаш по прекинувањето на експериментот.
63 тинејџери ретроактивно го препознаа експериментот како корисен и интересен за самоспознавање. Шест од нив го повториле и тврдат дека по петтиот или шестиот пат успеале да го „завршат до крај“.
Кога анализирале што им се случувало за време на експериментот, 51 личност ги користела изразите „зависност“, „се испостави дека не можам да живеам без...“, „доза“, „синдром на повлекување“, „не можам да живеам во тишина“ и така натаму.
Сите, без исклучок, биле страшно изненадени од мислите кои им паѓале на ум во текот на експериментот, но не биле во состојба внимателно да ги размислат, поради влошување на нивната состојба...
Момчето кое успеало да го заврши експериментот времето го поминало така што склопувал модел на едрилица. Правел паузи за јадење и пиење и за да го прошета кучето...
Едно од девојчињата кое го завршило експериментот, времето го поминало така што прво ги сортирало, а потоа и ги садело и пресадувало цвеќињата.
Ниту еден од нив не забележале „чудни мисли“ или искусиле негативна енергија.
фото: freepik.com