Ги збуни обожавателите: Поради едно видео на ТикТок, сите мислат дека Бресквица тајно се омажила
Бресквица објави видео на својот ТикТок профил поради кое многумина мислат дека тајно се омажила...
Младата пејачка Бресквица успеа со едно видео да направи вистински хаос на социјалните мрежи.
Имено, таа на својот ТикТок профил објави видео со зборовите: „Кога по 12 часа маж ти ќе се врати од работа, а ти и понатаму си на истото место како и кога заминал“.
Меѓутоа, ова немаше толку да ги збуни обожаватели доколку таа не ставаше постојано емотикон од прстен на своите сториња на Инстаграм, поради кои најпрво се зборуваше дека се верила, а сега приказната отиде толку далеку што почна да се зборува дека тајно се омажила.
Секако, во видеото на ТикТок е и повеќе од очигледно дека е во прашање шега, но тоа не ги сопре нејзините, но и обожавателите на Војаж, па така тие со часови оставаа коментари на видеото.
„Пропуштив неколку сезони. Маж?“, „Дали постои нешто што имам пропуштено?“, „Маж??? Се омажи?“, „Не можам да верувам што пропуштивме“, „Бресквица, што порачуваш?“, „Многу ставаш прстени на сторињата“ - се само дел од коментарите кои ѝ ги пишуваа обожавателите, особено по новото стори на Инстаграм.
Меѓутоа, имаше и такви кои не пропуштија да ја „боцнат“ за поранешниот.
„И Михајло некогаш ти беше маж и тоа најдобар“, „Вака некогаш го викаше и Војаж“, „Мене и понатаму ми е жал што не е повеќе со Михајло. Таа и Војаж беа двојка, ова ми е млако“.
Сепак, младата пејачка по овој повод не се огласи и останува само да претпоставуваме што всушност се случува во нејзиниот љубовен живот.