Гламурозно враќање на Инстаграм: Марио Манов ја објави првата фотка по повеќемесечната пауза
Инфлуенсерот Марио Манов, кој освен со стилот, корисниците на Инстаграм ги освои и со серијалот „Македонски мајки“. Сите со нетрпение ги очекуваа неговите видеа, во кое ја прикажуваше реалната ситуација во македонските семејства и односите кои владеат во нив.
И во моментот на неговата најголема популарност наеднаш исчезна. Го деактивираше својот Инстаграм профил и без никакво објаснување се повлече од социјалните мрежи.
Сега, неколку месеци подоцна, сосема неочекувано повторно се врати на Инстаграм и тоа во голем стил. Старите фотографии и видеа ги нема, но затоа првата објава која ја сподели со следбенците направи вистински бум на Инстаграм.
Станува збор за фотографија која е направена по повод на неговиот 22-ри роденден. Облечен во црно од глава до петици позира со прекрасна девојка, која на фотографијата му седи во скут. И таа исто како него е облечена во црно - црн вечерен фустани црни високи потпетици.
„22-ри роденден“ - напиша кратко во описот на фотографијата.
За ова гламурозно издание Марио „собра“ повеќе од 8.000 лајкови, но во исто време ги остави и своите следбеници во прашалници - дали повторно ќе снима видеа или ќе се задржи само на инфлуенсерството?
фото: Инстаграм