Главна на Инстаграм: Ќерката на Карлеуша позираше покрај џиновска елка
Бројот на оние кои ја следат на Инстаграм и ТикТок за неполн месец скокна за 30.000...
Атина Тошиќ, наследничката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, е најследена на социјалните мрежи од сите деца на познатите личност кои се нејзини врсници.
Од некоја причина малата Атина привлекува неверојатно внимание, па со само 12 години на Инстаграм има 110.000 следбеници, а на ТикТок 45.000.
За неполн месец Атина доби уште 30.000 нови следбеници, со оглед на тоа што на 23 ноември имаше 125.000.
Со новите новогодишни фотографии, на кои позира покрај луксузната елка во семејниот дом, Атина ги воодушеви оние кои ја следат, па така оваа нејзина објава за 16 часа „собра“ 28.000 лајкови и скоро 300 коментари.
Гордата мајка Јелена во коментар и остави три срциња, додека врсниците на Атина ѝ коментираа дека е преубава и дека во таа атмосфера изгледа како принцеза.