Гломазните чизми се „must have“ и оваа сезона: Ова се 10 - те најубави модели

Гломазните чизми се „must have“ и оваа сезона: Ова се 10 - те најубави модели

Објавена во: Мода // Must have

Гломазните чизми се повторно во тренд!

Трендот со гломазните чизми продолжува! Минатите години редовно ги гледавме на улиците, а како што стојат работите, истите модели ќе доминираат и оваа есен и зима.

Имено, како што пишува „Elle“, гломазните чизми покрај каубојките кои доживеаја голем „comeback“, се „must have“ за оваа сезона.

Инаку, гломазните чизни до колена најпрво се појавија во колекциите на Bottega Vaneta кон крајот на 2019 година, а инспирацијата ја пронашле во мотоциклизмот. Другите ги следеа и набрзо почна натпреварувањето кој ќе направи подобар модел на чизми со дебел ѓон.

Следната сезона покрај класичните „chunky boots“ до глуздови, во фокус се ставени и оние високи, до колена.

Што се однесува до носењето, може да ги носите како и секои други класични чизми, освен на фармерки со долги, широки ногавици. Важно е вашата облека да не прекрива, како и да не се гледа само ѓонот.

Во овој прелазен период носете ги со деликатните летни или плетени фустани, а вистинско модно парче се и кожените здолништа кои се допадна комбинација доколку се кожни и чизмите. Вашиот изглед ќе добие потврда нота, а обликот на чизмите дополнително ќе ги истакне пропорциите на облеката која ја носите.

Што се однесува до нијансите, не ви оставаме многу простор: нека биде бела, црна и маслинестозелена. 

Во продолжение погледнете неколку модели кои ги  пронајдовме со цел да ви го олесниме барањето на чизми за оваа сезона:


* Овие модели може да ги најдете на веб страницата на Fashion Group Македонија или во нивните продавници.

фото: PHOTOEVENTSHD / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: