Глупостите ги вивнаа во облаци: На што сѐ јутјуберите заработуваат пари?

Глупостите ги вивнаа во облаци: На што сѐ јутјуберите заработуваат пари?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Јутјубер „ерата“ ни донесе многу работи, колку добри, толку и лоши. Споменатата платформа е еден од најпопуларните интернет сајтови и најпопуларниот сајт за видеа на денешницата. Бројот на видеа е огромен, а сѐ поголем е бројот на луѓе кои на неделно ниво објавуваат видеа и влогови и на тој начин заработуваат пари. Да, тоа се јутјуберите.

Иако и кај нас бројот на јутјубер е сѐ поголем, сепак лошото однесување на оние од соседна Србија одамна ги премина сите граници. Последна во низата вести за недоличното однесување на српксите јутјубери е обидот на еден од нив, веројатно за да привлече внимание и секако да го зголеми бројот на прегледи на својот канал, да го испразни својот базен од својата тераса.

Имено, во прашање е познатиот јутјубер Милош Костиќ Кими. Ова секако не е единствено видео на споменатиот јутјубер, на кое неговото крајно примитивно однесување го привлекува вниманието на јавноста.

Минатата година, кон крајот на август, овој јутјубер предизвика бес кај тамошната јавноса откако на „Кнез Михајлова“ бркаше ромче, а сето тоа го забележа во видео под назив „Шпијунирам Меџија 24h у Кнезу“.


Неговиот колега, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, исто така е експерт во „примитивниот начин на прикажување на својата личност“.

Во текот на изминатите години, колку што е застапен на јавната сцена, Бака многу пати предизвика разни скандали, од кои профитираше. Имено, сајтот „Social blade“ процени дека најголемата заработка во регионот дефинитивно ја има Богдан Илиќ, односно Бака Прасе, кој на месечно ниво само од прегледи заработува по 13.500 евра. Неговата годишна заработка е многу поголема, се движи дури до 162.000 евра, бидејќи разните спонзорства му гарантираат уште поголем прилив на пари.

Богдан веќе неколку пати беше приведуван од страна на надлежните органи, а против него дури е покрената правна постапка, поради недозволени полови дејствија со малолетна личност.

Тука секако е и Зорана Јовановиќ, попозната како Зоранах. Една од најплатените српски инфлуенсерки, која својата популарност воглавно ја користи за да разговара со следбениците за работи од приватниот живот и секако да каже по некој гаф.

За сево ова не е потребна некоја претерана креативност, но српските јутјубери воглавно се инспирирани од странските, кои „рака на срце“ се однесуваат многу полошо.

Едно од најшокантните видеа секако е видеото на рускиот инфлуенсер. Имено, тој ја заклучи својата бремена девојка на тераса и ја остави да смрзне до смрт и тоа за 1.000 долари.

Станислав Решетников, попознат како Стас Рифлај, целиот настан го емитуваше во живо, сѐ до момент кога сфати дека нешто не е во ред со Валентина.


фото: E-Stock/Caslav Vukojicic, Instagram/miloskostic96

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: