(ВИДЕО) Си го испразни базенот од тераса: Кој е некултурниот јутјубер кој го направи ова?

(ВИДЕО) Си го испразни базенот од тераса: Кој е некултурниот јутјубер кој го направи ова?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Неверојатно видео кружи на социјалните мрежи, а на него се гледа како едно момче од својата тераса во населбата „Београд на води“ во Белград, ја испушта водата од базенот директно на шеталиштето. Видеото предизвика бес кај васноста, а сега е откриено и кое е тоа некултурно момче.

Во прашање е познатиот јутјубер Милош Костиќ Кими, кој како и поголемиот број негови „колеги“ на сите начини се обидува да предизвика внимание и така да придобие нови следбеници и публика.

По видеото на кое покажа како го купил, наполнил и се капел во базенот на тераса, Кими одлучил базенот да го испразни, така што водата ќе ја пушти низ тераса, како што објасни на дождлив ден, бидејќи тогаш секако сѐ е мокро, пренесува „нова.рс“.

На почетокот на видеото се гледа како момчето го притиска крајот од малиот гумен базен за водата да се прелие надвор. Целата валкана вода од базенот, некултурниот Кими ја истури токму на шеталиштето пред влезот на зградата, не ни погледнувајќи дали можеби некој во тој момент се наоѓа таму.

За сѐ да биде полошо, тој во еден момент вели дека за крај ќе ја истури сета вода од базенот, па така почнува да се обидува да го преврти, а сето тоа го снимала неговата девојка.


Кими (25) денес има над 230.000 следбеници на својот Инстаграм профил, каде се фали со луксузен живот, вози скап автомобил и со девојката живее во луксузната населба во Белград.

Голема популарност заработи и на Јутјуб, каде на каналот има над 900.000 следбеници.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: