Го „држи“ на краток ланец: Додека една од најубавите манекенки поминуваше покрај Бекамови, Дејвид направи чуден потег (ФОТО)
Викторија и
Дејвид Бекам беа меѓу најзабележителните гости на ревијата на Жакемус во Париз.
Ревијата ја следеа од бродот како и останатите гости. А многумина забележаа
необичен момент кога покрај нив помина Џиџи Хадид, која беше една од
манекенките.
Случајно или не, Дејвид Бекам, кој ги фотографираше останатите модели на ревијата на Жакемус, го спушти телефонот додека Џиџи Хади минуваше, додека Викторија Бекам со телефон ја снимаше прошетката на манекенката по пистата.
Некои потсетија дека Дејвид имаше скандал во 2018 година, по ревијата во Париз откако бил мажеѓсан и постојано гледал во Бела Хадид, сестрата на Џиџи Хадид. Бела ја запознал еден месец подоцна во Токио, каде седеле еден до друг на модна ревија. Бекам и пред тоа беше „фатен“ како љубопитно гледа во девојките околу него, па оттаму и коментарите дека Викторија му забранила да се фотографира со Џиџи.
Фото: poopbee/instagram/screenshot/victoriabeckham