Го фати бидермаерот на свадба: Ќе заѕвонат ли свадбените ѕвона за внукот на Тоше? (ФОТО)
Ќе заѕвонат ли свадбените ѕвона?
Кристијан Ристески, постариот внук на нашатата најпозната музичка ѕвезда Тоше Проески, е вистинска мистерија за јавноста.
Многу ретко споделува фотографии и видеа од приватниот живот, а оние малку кои ги споделува се од патувањата ширум светот. Сега, по долго време направи исклучок со кој ги стави во мисла сите.
Имено, бил гостин на свадба, а кога невестата го фрлала бидермаерот, истиот завршил во рацете на Кристијан. Тој сподели селфи на кое го држи бидермаерот, а на истото позира заедно со една девојка за која не знае во какви односи се.
„Среќеен“ - напиша кратко и јасно Кристијан, додавајќи неколку емотикони.
Дали ова значи дека наскоро ќе заѕвонат свадбените ѕвона и за него и неговата сакана, останува да видиме.
фото: Принтскрин / Инстаграм