Го исмејувале зошто се вика Корона: Познатиот актер му испрати необичен подарок
Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон беа помеѓу првите познати личности кои се заразени од коронавирусот. Хенкс своето следбеници постојано ги известуваше за својата здравствена состојба, но и за на сопругата, а неодамна откри дека луѓето го избегнуваат поради тоа што бил заразен.
Момчето од Австралија му испрати писмо на познатиот актер кога дознал дека е заразен, како и неговата сопруга, во кое им посака брзо оздравување, а во истото писмо додаде дека е исмејуван бидејќи се вика Корона.
„Го сакам своето име, но ов училиште ме нарекуваат коронавирус. Многу сум тажен и лут кога луѓето ме викаат така“ - се пожали момчето, по што Хенкс одлучи да му поклони машина за пишување од марката „Корона“.
Познатиот актер брзо му одговори со писмо, каде истакна дека се чувствува подобро поради името на момчето.
„Мислам дека оваа машина за пишување ќе ти одговара. Поради твоето писмо мојата жена и јас се чувствуваме прекрасно. Ти благодарам што си толку добар пријател. Пријателите прават нивните пријатели да се чувствуваат добро кога се на дното. Те видов на телевизија. Иако се вратив во Америка и сега сум потполно здрав, поради твоето писмо и понатаму се чувствувам добро“ - му порача Хенкс.