Го изгубиле кучето на одмор: Снаодливиот миленик поминал 380 километри и се вратил дома
Кучето изгубено на одмор во Франција се појавило во својот роден град кој бил оддалечен 380 километри.
На враќањето од одморот, сопствениците на ловечкиот териер Пабло навратиле во францускиот регион Савој, објави радио станицата France Bleu.
Двегодишното куче излегло од кампот за да се прошета наоколу, но не се вратило.
Неговите сопственици залудно го чекале со часови. Следниот ден го пријавиле неговото исчезнување и потоа го продолжиле патот за да посетат некои роднини.
По повеќе дена добиле фотографија од кучето, која ја испратил познаник кој внимавал на нивната куќа во близина на Нимес на југот од Франција.
„Го препознав Пабло и не можев да верувам, беше вистински момент на среќа“ - кажа за радио станицата неговата сопственичка Кетрин.
Тоа куче навистина бил Пабло, иако слаб, сепак бил жив и здрав.
„Веднаш заминавме дома“ - откри сопственикот Роџер, а потоа откри дека одлучиле да му купат ремче со ГПС за да не го изгубат повторно.