Го комбинира неспоивото и изгледа шик: Само Ријана го може тоа
Ријана пред неколку дена успеа да го искомбинира неспоивото - се прошета во мантил за дожд и фустан од пердуви...
Американската пејачка и нова модна дизајнерка Ријана беше уловена од папараците пред неколку дена во ресторанот Џорџо Балди во Санта Моника во необична розова комбинација.
Не би била Ријана доколку нејзината облека е едноставна. Имено, таа носеше розов фустна со светки и пердови под розовиот капут за дожд. Целата комбинација ја надополни со сандали на високи потпетици во иста нијанса како фустанот. Нејзината чанта од пердуви, допринесе за нејзината комбинација да биде на едно повисоко ниво.
Што мислите вие за ова издание на познатата пејачка?
фото: Profimedia