Го крстија Јатко: Македонецот кој се роди во авион на ЈАТ на 8000 метри надморска висина
ЈАТ повеќе не постои, но приказната за едно момче кое е родено на лет од Југославија до Австралија во 1978 година, ќе остане едно од најубавите спомени за „надморската височина“.
Марија Тодева се породила на 13 февруари 1978 година во авион на ЈАТ, а била породена од членови на екипажот. Ножиците со кои била исечена папочната врвца на бебето биле дезинфицирани со виски, на момчето му било дадено името Јатко, а тој е веројатно единствениот Јатко во светот. Оваа вест ја пренесоа многу светски медиуми.
Мајката на Јатко имала 18 години и летала во осмиот месец од бременоста од Белград преку Сингапур до Сиднеј. Таму ја чекал нејзиниот сопруг Стојан, кој заминал во Австралија неколку месеци порано во потрага по подобар живот. Таа се породила два часа пред да слета, на 8.000 метри.
Авионот полетал со 106 патници, и слетал со 107. Јатко добил доживотен авионски билет, но не го користел. Сè уште...
Јатко, денес живее во Австралија, оженет е и има три ќерки.
Како место на раѓање му е впишана регистрацијата на авионот YU- AGI.
фото: Youtube - printscreen