Го направи интервјуто на деценијата со Меган Маркл и принцот Хари: Познатата водителка како дете
Фото: Youtube/Printscreen
Опра Винфри е светки позната водителка, ретко кој не ја знае. Но минатиов месец, повторно светот зборуваше за неа, бидејќи таа беше домаќин на интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл. Интервјуто кое сите со нетрпение го очекуваа и во кое војвотката и војводата од Сасекс открија пикантни детали за Кралското семејство.
Меган во интервјуто на деценијата откри дека во Кралското семејство се зборувало за бојата кожа на нејзиното, тогаш неродено дете (мислејќи на Арчи), дека пред свадбата со Хари ја расплакала Кејт Мидлтон, и други детали кои и по неколку недели се‘ уште се тема на разговор во јавноста и познатите.
Знаеме како изгледа Опра, таа е активна и на социјалните мрежи, но погледнете подолу на фотографијата како изгледала познатата водителка како дете:
Фото: Фесјбук/Опра Винфри