Го навредувале поради бојата на косата: Неговата реакција им го скрши срцето на многу луѓе (ВИДЕО)
Една мајка морала да слуша како го навредуваат нејзиниот син поради бојата на коса. Навредите биле шокантни, а неговата реакција им го скршила срцето на многу луѓе.
Лорен била во автобус со својот тригодишен син Ноа кога покрај неа седеле некои тенејџери и почнале да ја исмеваат неговата црвена коса.
Навредите биле шокантни, а некој од нив кажал: „Би мразел ако моето дете има црвена коса... би ги убил... сите деца со црвена коса треба да одат во домови“.
Иако Ноа има 3 години, разбрал што зборуваат. Бил вознемирен и почнал да ја распрашува мајка му зошто нема руса коса како неговиот брат Чарли.
Мајката на Фејсбук објавила статус, кој стана вирален:
„Не ме праша зошто луѓето не ја сакаат неговата ксоа. Ме праша дали можам да ја променам неговата за да им се допадне на луѓето. Секој пат ми се крши срцето кога ќе ме праша тоа. Не е во ред некој да биде малтретиран поради бојата на коса, ни сега, ни никогаш.
Тоа толку влијаеше на Ноа, не е во ред. И јас имам природно црвена коса и се сеќавам како ме злоставуваа додека да пораснам, но не на толку мала воразраст, како што е три години“.
Лорен сакала да добие извинување од споменатиот тинејџер и го контактирала училиштето.
Искуството на Лорен е само капка во морето злоставувања кои се случуваат секојдневно. Важно е ваквите настани да не се игнорираат, туку да се спречат од најрана возраст.
фото: Приватна архива