Го оствари сонот од детството: Синот покажа колку е благодарен - им купи куќа на родителите (ВИДЕО)

Го оствари сонот од детството: Синот покажа колку е благодарен - им купи куќа на родителите (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Благодарниот син со сопствени пари им купил на родителите куќа приредувајќи им големо изненадување.

Лехуан Џејмс е популарен јутјубер, кој стана популарен благодарение на својот хумор и страст кои ги внесува во своите видеа. Пред да стане популарен, никој не знаел кој е тој. Да не биле неговите родители, тој денес не би бил тука. Тие се во брак 33 години, а тој вели дека им го должи целиот живот.

Во текот на животот, неговите родители биле жртва за тој и неговите браќа и сестри да ги имаат работите, кои тие ги немале додека растеле. По неколку години напорна работа, Лехуан им приредил изненадување на родителите.

Пред да стане јутјубер, неговите родители работеле екстремно тешки работи. Од Порторико се преселиле во САД. Неговата мајка преку ден била чистачка во „Светот на Дизни“, а навечер и во текот на целата ноќ работела во продавница која работи 24/7. Неговиот татко бил домар, кој исто така рбаотел во смени во „Бургер Кинг“ и често работел навечер.

Двајцата работеле полни смени за да можеле да ги израснат своите деца. Иако Лехуан не зборувал често со своите родители, тој сепак им е благодарен за нивната жртва. По повеќе години, кога ја изградил својата кариера, бил во можност својот сон од детството да го претвори во реалност. Целиот живот сонувал за тоа на своите родители еден ден да им купи куќа.

Конечно успеал во тоа. Им ставил превези преку очите и ги однел до тоа место. Во видеото неговите родители се збунети бидејќи не знаат што се случува. Кога ги тргнале превезите, помислиле дека тој си купил нова куќа за себе, а потоа сфатиле дека тоа е подарок за нив. Тој емотивен момент сигурно нема никогаш да го заборават.

Во видеото може да се види дека јутјуберот не можел да ги сопре солзите кои течеле по неговото лице.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: