Го победила коронавирусот: Целиот кварт ја дочекал со ракоплескање
„Вака ја примија мојата тетка во Триана. Неверојатно.“ - напиша локалната новинарка која го сними ова видео.
Соседите во Севиља, Шпанија срдечно ја пречекале жената излечена од коронавирусот. Таа била во болница 5 дена, а штом лекарите забележале подобрување на состојбата, одлучиле да ја пуштат на домашно закрепнување.
Шпанија е на второто место по бројот на смртни случаи во светот по Италија, а вирусот досега одзеде над 15.000 животи, а бројот на потврдени случаи ја надмина бројката од 150.000.