Го покажа за првпат: Во својот документарец Били Ајлиш го откри поранешното момче
Били Ајлиш не е некој што често е во центарот на вниманието поради скандали, ниту пак сака да се експонира кога станува збор за нејзиниот приватен живот - она што го знаеме за нејзиниот личен живот надвор од сцената се претежно нејзините проблеми во справувањето со менталните проблеми и дека како помлада често се сечела и гладувала. Сепак, за другите аспекти од нејзиниот приватен живот, пејачката многу ретко ја отвора душата, па затоа не знаеме многу за нејзините претходни врски. Прва можност да го претстави нејзиното поранешно момче се случи во нејзиниот документарец што беше објавен пред два дена!
Имено, во документарецот наречен „The World's a Little Blurry“ за првпат ни ја покажа поранешната љубов, раперот по име Брендон Квиенс Адамс, попознат само како Q. Раперот Q има 24 години и често настапува под уметничко име 7:AMP, а својата врска со Били успеа да ја задржи за себе, со тоа што не објавуваа никакви заеднички фотографии. Тој неодамна го деактивираше својот профил на Инстаграм, знаејќи дека по документарниот филм на Били, повеќе луѓе сигурно ќе го бараат. Филмот ја покажува Били како гледа во негова фотографија и зборува за тоа колку го сака.
Били откри дека ја прекинала врската поради разни цели: „Не можете да бидете во врска со некој што воопшто не се радува и не размислува за работите што ви значат живот. Не бев среќна, не ги сакавме истите работи и тоа е лошо. Немаше доволно труд за да се покаже љубовта, сфатив дека тој не се сака себеси доволно за да може ме сака мене. Човеку, не ме сакаш, само мислиш дека ме сакаш“ - вели Били.
Во филмот, претставено е целото патување на Били, од 13 - тата година од животот и „Ocean Eyes“ до создавањето на албумот „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ на 17 години. Откриено е и дека мајката на Били била таа што ги принудувала неа и нејзиниот брат Финеас да ја вклучат камерата во собата секогаш кога сакаат да снимаат нешто, односно кога ќе имаат чувство дека ќе создадат нешто што вреди да се снима. Благодарение на тоа, сега можете да ги гледате сите тие спомени во еден филм!