ГО ПРЕПОЗНАВАТЕ ЛИ? Ова мало момче денес е еден од најпознатите актери за кои жените воздивнуваат! (ФОТО)

ГО ПРЕПОЗНАВАТЕ ЛИ? Ова мало момче денес е еден од најпознатите актери за кои жените воздивнуваат! (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Тој е еден од најпознатите српски млади актери на денешницата. Роден е на 13 јануари 1988 година во Белград. Има 16-годишен постар брат Михајло, игумен на манастирот Јован.

Родителите му се разведени, а неговиот татко живее во Германија. Средно школо завршил на четиринаесеттата белградска гимназија, зборува српски, англиски и руски. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во класата на Драган Петровиќ заедно со Нина Јанковиќ, Јелисавета Оражанин, Тамара Драгишевиќ, Ања Алаш.

Тој ја оствари својата прва забележителна улога во телевизиската серија Долари доаѓаат, каде го играше Небојша, улогата кој му донесе голема популарност. Играше и во серијалот „Бел чамец“, а ги освои срцата на публиката со улогата на „Туркет“ во филмот „Монтевидео, Бог те виде“.

Овој талентиран и млад актер го освои и рускиот пазар, каде во 2014 година го привлече вниманието на славниот руски режисер Никита Михалков, кој му даде улога во филмот „Срцев удар“. После тоа, неговата популарност рапидно растеше во Русија, каде доби многу значајни улоги во серии и филмови, меѓу кои: „Дахеј“, „Мраз“, „Митови“, „Хотел Елеон“ и многу други.

Во 2019 година, тој се појави во главната улога на филмот „Балканска граница“ заснован на вистински приказни. Тој ги снима сериите и филмот „Јужен ветер“, кој доживува неверојатна популарност, а последното нешто што го сними во Белград беше „Хотел Белград“, кој доживеа голема популарност. 

Претпоставивте, тоа е Милош Биковиќ.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: