Го приведе полиција и му го одзема Поршето: Бака Прасе повторно има проблеми со законот

Го приведе полиција и му го одзема Поршето: Бака Прасе повторно има проблеми со законот

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бака Прасе за кратко се огласи за сè на Инстаграм...

Вчера нешто пред 17 часот беше уапсен популарниот белградски јутубер, Бака Прасе, а полицијата, наводно, му го одземала автомобилот, Порше Карера, пишува Курир.

Властите утврдиле дека ЈуТјубер управувал возило регистрирано во странство без присуство на сопственикот, а неговото возило е привремено одземено поради сомнение за царинско прекршување и поради полициски проверки.

Тој за кратко проговори за сè на Инстаграм. Сними Инстаграм стори и кажа дека повторно бил уапсен. „Се заебав којзнае колку пати, се гледаме во Некролог“ - беше малку саркастичен јутуберот, осврнувајќи се на истоимениот филм за порастот на криминалот во Србија. 

Бака Прасе е познат по своето бунтовно однесување, па полицијата го уапси пред неколку месеци затоа што „го прекрши полицискиот час“, кој тогаш важеше на територијата на Белград поради пандемијата на коронавирусот.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: