Го продава фустанот од новиот спот, за да помогне на жена болна од рак: Хуман гест на Антониа Гиговска со почетна цена од 10.000 денари
Изминатиот викенд, младата пејачката Антониа Гиговска и дуото 2Бона ја објавија нивната прва дуетска песна „Хиена“, заедно со видео запис. Во видето, Антониа се појавува во неколку комбинации, од кои особено се издвои небо синиот фустан.
Токму тој и самата Антониа го издвои како омилен и посебен, а за него посвети и една цела објава. Имено, младата пејачка овој фустан го стави на аукција, чија почетна цена е 10.000 денари, а парите ќе ги донира за жена, која се бори со рак.
„Овој фустан е првиот Custom Made Design на мојата стилистка @stylemebursak. На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам. Изработен е од свила и е S конфекциски број.
Парите сакам да ги донирам за АНЕТА ЈОВАНОВСКА што боледува од карцином. Нема да бидат пари кои што ќе помогнат многу, но се надевам на нејзе ќе и значат. Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме!
Затоа што не знам како се става нешто на АУКЦИЈА, Инстаграм и Фејсбук ќе ми помогнат ова да го видат онолку луѓе колку што ме следат. Ќе ми значи исто така ако ова го споделите и вие затоа што можеби оние кои што не ме следат ќе видат токму кај вас.
Почетната цена е 10.000ден.“ - напиша во објавата младата пејачка.
фото: Инстаграм