Го пронашол на улица: Пораката оставена на ланчето на кучето ќе допре до секој

Го пронашол на улица: Пораката оставена на ланчето на кучето ќе допре до секој

Објавена во: Совети // Семејство

Лајонел Витиалингам купувал храна кога ги слушнал автомобилските сирени и видел мало, преплашено кученце како поминува помеѓу автомобилите на патот.

Влегол во автомобилот и го следел кучето се додека не успеал доволно да му се приближи и тогаш забележал дека кучето има некое хартивче закачено за неговото ланче.

Пробал да го примами да му се доближи и тоа му успеало, па по некои 10 минути, кучето се приближило и Лајонел внимателно го земал парчето хартија, а тоа што пишува на него, го оставило без зборови.

„Ав! Здраво! Се викам Сиги и јас сум најмилото и највнимателното куче кое некогаш сте го виделе. Мојот сопственик е злобем што мораше да ме остави овде со вас, но едноставно не можеше повеќе да внимава на мене. Ми беше жал поради тоа, а сигурно и нему. Ве молам, одведете ме во вашиот дом. Ве молам дозволете ми да бидам дел од вашето семејство. Ве молам, сакајте ме.

Оваа година полнам 5 години, многу сум симпатичен и никој немам нападнато.

Јас сум добро куче чувар, кој цел ден ќе седи пред вашата врата и ќе му лае на секој кој ќе дојде до вашата ограда. Додека не ми кажете да престанам. Исто така, знам и некои трикови! Се надевам дека ќе ме прифатите. Со љубов, Сиги“ - пишувало во писмото.


Ова писмо допрело до Лајонел и го довело до солзи, а потоа го земал кучето и го однел дома, каде го наранил и избањал, исушил и го оставил да спие во удобен кревет.

За жал, не се согласувале со кучето кое веќе овој добар човек го чувал дома, па го однел кај брат му.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: