Го прослави крајот на средното образование: Џејла Рамовиќ заблеска на матурската забава
Младата пејачка Џејла Рамовиќ, победничката на минатата сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, заблеска на матурската забава која го означи крајот на средното образование.
Џејла за оваа прилика носеше виолев фустан украсен со бели бисери во комбинација со обемни ракави, за кој беше задолжен познатиот стилист Стефан Орлиќ. Орлиќ во соработка со Јурај Зигман ја дизајнираше и комбинацијата во која на Евровизија се појави хрватската претставничка Албина Грчиќ на овогодинешното издание на најголемото музичко натпреварување.
Рамовиќ на својот Инстаграм профил сподели низа фотографии од прославата, која беше организирани изминатата сабота.
Исто така, на профилите на нејзините сестри, Лејла и Шејла може да се пронајдат фотографии од младата пејачка со своето семејство, кои се направени истата вечер.