Го ставиле до неговиот брат близнак во инкубатор, а потоа биле сведоци на чудо
Го ставиле до неговиот
болен брат близнак во инкубаторот, а потоа биле сведоци на чудо
кое ниту лекарите ниту медицинските сестри не го очекувале. Не
постои научно објаснување за вакво ненадејно и неочекувано подобрување на
здравјето.
Малите Дилан и Деиниол од Велика Британија неодамна наполнија три години, а кога се родија го привлекоа вниманието на медиумите.
Тие се родени предвреме, во 25-та недела од бременоста. Дилан тежел нешто повеќе од 900 грама, а неговиот брат Деиниол околу 850.
Нивната мајка Хана Зимуња (28) и таткото Чави (40), кои во тоа време имаа уште три деца дома, се шокирале кога лекарите им рекле да се подготват за најлошото. Белите дробови на бебињата биле толку неразвиени што итно биле префрлени на одделот за неонатална интензивна нега во болницата Ројал Болтон.
Таму биле поврзани со респиратори и завиткани во специјални пластични кеси за да создадат топлина и влага слични на условите во утробата на мајката, пишува Daily Mail.
По 14 недели во болница, состојбата на Дилан почнала да се подобрува и лекарите им рекле на родителите дека можат да го однесат дома. Но, Деиниол сè уште дишел преку апаратот и неговата состојба се влошувала се повеќе и повеќе откако бил одвоен од неговиот брат.
Лекарите договориле се‘ за Дилан да си оди дома, а на родителите им било кажано дека би било добро да се збогуваат со малиот Деиниол бидејќи тој нема многу шанси да преживее. Меѓутоа, само пет минути откако Дилан бил ставен покрај неговиот слаб брат во инкубаторот, се случило чудо. Неговото ниво на кислород се зголемило и неговата состојба почнала драстично да се подобрува.
Тие отишле дома со Дилан и се договориле со лекарите дека повторно ќе дојдат за два дена, за повторно да го стават Дилан во инкубаторот до Деиниол. Откако повторно поминал одредено време со својот брат во инкубаторот, состојбата на Деиниол толку многу се подобрила што тој почнал сам да дише. Мајката на Хана верува дека Дилан со својата блискост и допир го спасил животот на својот брат близнак.
„Ние не го очекувавме тоа, ниту лекарите или медицинските сестри. Тоа е навистина чудо. Тој му го спаси животот со неговата прегратка. Беше фантастично за гледање, како да сакаа да ни кажат на сите дека никогаш не требало да ги разделиме. Таа врска меѓу близнаците навистина постои“, изјавила пресреќната мајка, додавајќи дека неодамна наполниле три години.
Малиот Деиниол поминал вкупно седум месеци во болница пред конечно да се приклучи на своето големо семејство.
Не постои научно објаснување за таквото ненадејно и неочекувано подобрување на здравјето, но познато е дека допирот помага, или на родителите или на браќата и сестрите. Исто така, многу родители на близнаци веруваат во т.н. спасувачката прегратка на близнаците.
Фото: Фејсбук - Daily Mail