Го тестиравме Huawei Nova 9 - Блескав смартфон за импресивни резултати

Го тестиравме Huawei Nova 9 - Блескав смартфон за импресивни резултати

Објавена во: После „Школо“ // PR

Сакате ли смартфон кој има пристапна цена, бомбастичен изглед кој е тотално различен од другите, со врвни перформанси, екстра брзо полнење на батеријата и импресивна камера. Не треба да барате повеќе или да правите споредба помеѓу модели.

Доволно е да ги прочитате нашите импресии од новиот Huawei Nova 9, врвен телефон чија промоција ја проследивме во Виена и го следиме се до неговиот пласман во Македонија за сума од 499 евра, во Starry Blue & Black боја.

Huawei повторно лансира супер смартфон на македонскиот и глобалниот пазар во високата класа. Новиот Huawei Nova 9 е фантастично дизајнирано парче технологија. Смартфонот изгледа модерно, свежо, смело и е идеално креиран за новата генерација која копнее по мала доза уникатност во ера во која повеќето модели се многу слични на нивните претходници.

Huawei Nova 9 освен стилски поени, освојува и со високите перформанси. Како уред од повисоката класа Huawei Nova 9 е комплетно решение за секојдневна комуникација, организирање на работните задачи, планирање и работа со документи, како и активност со неопходните апликации за поголема ефикасност и успешност.

Ова не е уште еден обичен смартфон

Huawei е најдоследниот бренд во последните години кој постојано лансира нешто ново и возбудливо. Тоа го докажува и со Huawei Nova 9 кој има блескав дизајн во секоја смисла. Задниот дел на Nova 9 привлекува големо внимание уште при првиот поглед. Уредот изгледа симпатично, елегантно и необично.

Допирот на задната маска со стаклена основа и кристализиран финиш дава посебен ефект на блескавост. Во зависност од црната или сината боја на маската корисниците ќе добијат смартфон кој е атипичен, и има храбар дизајнерски белег.

Како се справува со предизвиците?

Ако до пред некоја година на смартфонот гледавме примарно како на уред за мултимедија и забава, сега се повеќе се потпираме за организирање и водење на работниот процес. Чести онлајн состаноци, усогласување на агенди преку организациски апликации за тимови, синхронизација на календарот со настани и обврски.

Сето тоа може лесно да се прави и од мобилен уред како Nova 9. Зошто да „палите“ лаптоп или декстоп компјутер, кога од Nova 9 може да реализирате Zoom повик, да го апдејтирате календарот или да довршите документи за следниот мејл до клиент или соработник.

Тоа се должи пред се на осум-јадрениот Qualcomm SM7325 Snapdragon 778G 4G процесор кој е најмодерен во оваа класа. Изработен е со 6 нанометарски процес, што значи дека опфаќа бројни сензори и поддржува многу нови технологии.

Се полни за час

Батеријата на модерните смартфони е од исклучително значење за долготрајна и интезивна употреба во текот на денот. Huawei nova 9 може да се пофали со одличен капацитет од 4300 mAh што обезбедува непречена работа со интезивни активности како гледање видеа, стриминг или фотографирање и снимање. Голема предност е и екстремно брзото полнење. Huawei nova 9 се полни до 100% за само 38 минути што е фантастично и ќе ви заштеди многу време во секојдневната употреба.

Камерите на Huawei скок во мобилната технологија

Huawei како еден од темелите за успех на смартфоните со кои оперира е базиран на квалитетот на камерата. Многу едноставно, што подобра оптимизација на хардверот, тоа и подобри резултати ќе добиете со камерата на Huawei Nova 9. Главната камера на Huawei Nova 9 на задната страна е креативно поставена во два дела.

Околу примарниот сензор од 50 мегапиксели има уникатен прстен, а под неа е испишано логото на Nova што го заокружува неговиот визуелен идентитет со доза на футуризам. Селфи камерата има 32 мегапиксели со одлична леќа со широк агол и дава квалитетни резултати како преку ден, така и навечер при слаба осветленост.

Не чекајте, Huawei Nova 9 е одлична зделка

Huawei Nova 9 е квалитетно склопен смартфон кој одговара на модерните потреби на корисникот. Се издвојува со впечатливиот дизајн и одлично функционира со Harmony OS новиот оперативен систем на Huawei. Преку AppGallery има пристап до сите неопходни апликации вклучувајќи и многу македонски сервиси за банкарство, телекомуникации и сервиси. Цената го прави достапен за поширока група на корисници кои ќе имаат стабилно и долготрајно решение за комуникација, поврзување, и ефикасна работа за импресивни резултати.


ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: