Го воодушеви режисерот: Војаж ќе снима песна за „Јужни ветар“
Популарниот млад музичар му испрати песна на режисерот Милош Аврамовиќ и набрзо склопија соработка за ова остварување...
На милионската публика на филмот „Јужни ветар“ ќе и биде претставена и песната од популарниот млад музичар Михајло Веруовиќ - Војаж, кој договори соработка со режисерот Милош Аврамовиќ.
Помеѓу еден од најпознатите млади рапери од балканските простори и J Fado, младата и успешна рап ѕвезда од Велика Британија, дојде до ексклузивна соработка. Тие двајца заедно ја напишале и снимиле песната под назив „Плеши“, а специјално за потребите на снимањето на спотот, британската ѕвезда беше во Белград.
Нивната музичка соработка овој пат има и интернационален карактер и звукот на нивната популарна музика дефинитивно ќе стане дел од низата песни по кои е препознатлив овој филмски проект.
„Направивме дуетска песна, ја кажа строфата, на нас тоа ни се допадна. Во меѓувреме добивме повик од екипата на „Јужни ветар“ за да испратиме некоја песна, да видат дали би можеле, како што викаат Англичаните „make the cut“, т.е., да влеземе во приказната. На Аврамовиќ многу му се допадна песната и рече дека тоа е тоа, а сѐ останато е историја“ - истакна раперот и додаде:
„Не се познававме, ниту дружевме. Ова е песната која не спои, по која сигурно ќе има уште многу заеднички проекти“ - рече Војаж за Toxic.
Исто така истакна дека би се снашол и доколку му понудат да глуми во филмот.
„Не сум размислувал за тоа да глумам во филм, но доколку би добил некоја можност, сигурно би се обидел, зошто да не“ - истакнува Војаж. Како што вели и самиот, студира аудио - визуелна продукција, така што во суштина студира филм и не е исклучено дека можеби ќе се испроба и на филмското платно.
фото: Printscreen