Го воодушевија светот: Видеото од тригодишните близнаци во карантин стана вирално

Го воодушевија светот: Видеото од тригодишните близнаци во карантин стана вирално

Објавена во: Совети // Семејство

Тригодишните момчиња од Алабама се ѕвездите на видеото кое е споделено на ТикТок и кое за кратко време ја освои целата планета. Откако нивната мајка ги легнала во кревет, момчињата станале и седнале на подот, па започнале да разменуваат мислења за моменталната ситуација во светот, пишува Fox News.


„Ние сме во карантин“ - на почетокот на видеото вели едно момчињата, додека седи на подот во собата која ја дели со својот брат, по што заклучуваат дека микроорганизмите би требало да си одат, бидејќи дошла пролетта и повеќе не е зима.

Набрзо другиот извикува: „Микроорганизми, заминете“. Во тоа му се придржува и братот, по што започнуваат со перниците да удираат низ собата викајќи им на микроорганизмите да си одат и говорејќи им дека „ги средиле со своите перници“.

Нивната борба трае некое време, а сето тоа го забележала надзорната камера која нивната мајка ја поставила во аголот на собата, за да може да внимава на нив.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: