Го засени познатиот татко: Синот на Илон Маск се вклучи на видео повик и стана ѕвезда на социјалните мрежи

Го засени познатиот татко: Синот на Илон Маск се вклучи на видео повик и стана ѕвезда на социјалните мрежи

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Освен што зборуваше на состанокот, момчето беше толку немирно, а неговиот познат татко само се насмеа на сето тоа...

Едногодишниот син на Илон Маск, X AE A-XII стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако со татко му „учествуваше“ на еден состанок.

Маск беше на видео повик и зборуваше за деталите на своето вселенско летало за повеќекратна употреба - Starship. Звукот во еден момент му се расипа, па се работело на тоа да се поправи, а момчето во тој момче почна да зборува.

„Здраво, здраво“ - зборуваше, а техничарите за тоа време го поправаа звукот. Немирно седеше во скутот на татко му и не требаше да помине долго време за Илон да остане во втор план.


Момчето стана познато на светската јавноста уште кога се роди во мај 2020 година и тоа поради своето необично име. По раѓањето го доби името X Æ A-12, но бидејќи името не му било во склоп со законите во Калифорнија, му го променија, па сега се вика X AE A-Xii.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: