Го збуни жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а сега ќе биде новата членка на групата „Ураганки“: Еве која е таа
Таа привлече големо внимание на натпреварот.
Групата „Ураганки“ („Хјурикејн“) наскоро ќе има три нови членови кои во иднина ќе настапуваат наместо Ксенија Кнежевиќ, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ.
Една од членките на новата постава ќе биде и пејачката Миона Лаура Среќковиќ, која ја запознавме на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.
Миона стекна голем број фанови и има своја фан страна на Инстаграм.
Инаку, оваа девојка е од Париз, а многумина се сеќаваат на нејзиното прво појавување во „Ѕвездите на Гранд“ кога настана забуна од каде доаѓа.
Имено, кога го заврши својот настап, жирито изјави дека дотогаш немало натпреварувачка од Франција, на што интервенираше Ана Бекута.
„Не е од Париз, од Перлез е“, рече таа, што го потврди и Вики Миљковиќ.
Сепак, натпреварувачката потврди дека потекнува од околината на Париз, Франција, татко ѝ е од Ниш, а мајка и од Крушевац. Саша Поповиќ се пошегува на тоа и рече дека „се гледа дека е вистинска Французинка“.
Бидејќи доби пет гласа, немаше право сама да избира ментор, па Саша ѝ го додели Ѓорѓе Давид.
Миона на натпреварот учествуваше минатата година, кога имаше само 19 години. Останува да видиме како ќе се снајде во новиот состав на „Ураганките“.
извор:nova.rs