Го живее американскиот сон: Водителката Јелена го освои Холивуд
Познатата водителка Јелена Спенџарска скоро една недела го живее американскиот сон. Лос Анџелес е местото во кое е стационирана водителката, заедно со нејзината сестра и малата внука Љубљана.
По уживањето на песочните плажи, автентичните локали, неверојатната инфраструктура, дојде редот и за Беверли Хилс и Холивуд. Оттаму Јелена, сподели цел колаж фотографии, на кои позира сама, но и во придружбра на нејзината миленичка - внуката Љубљана.
„Еден сосема обичен понеделник... ама во Холивуд“ - напиша вчера, покрај фотографиите кои ги сподели на Инстаграм.