Го живее својот сон: Оваа девојка е вистинската „Емили во Париз“

Го живее својот сон: Оваа девојка е вистинската „Емили во Париз“

Објавена во: Совети // Другарство

„Иден во Париз“ е реална Британка која по разделбата од момчето се преселила во Париз, се вработила, создала нови пријателства и почнала да снима ТикТок видеа. Сценариото од популарната серија го претвора во реалност.

Иден Морисеј (19) го живее својот париски сон како вистинската „Емили во Париз“. За оние кои ја следат популарната серија на Нетфликс, знаат дека сценариото ја следи Американката Емили, која добива работа во главниот град на Франција, каде се преселува и објавува моменти од нејзините авантури, романси и забава оттаму.

Сличноти се случило и со Иден, но таа си заманала од Бакингемшир да работи како „au pair“ по тешката разделба и заситеноста од нејзината дотогашна работа. За оние кои не знаат што значи „au pair“, Иден се вработила во француско семејство каде родителите ја ангажираа да им помогне да ја научат нивната ќерка англиски. За возврат, тие плаќаат за нејзиниот стан, храна, комунални услуги, медицински трошоци, превоз, па дури и патување.

Оваа девојка започнала да ги објавува своите искуства на ТикТок и за многу кратко време собра 100.000 следбеници. Како што пишува Дејли Меил, Иден го опишала моментот кој пресудил за нејзината одлука: 

„Работев за брендот Лаура Мерсиер, ја сакав својата работа и планирав да продолжам да ја работам, но во септември 2020 година се уморив од сите ограничувања предизвикани од пандемијата затоа ги наполнив полиците повеќе отколку што ја работев својата работа.“


Но, не била само работата причина за да се пресели: 

„Исто така поминав низ тешка разделба што беше отскочна штица за преселување. Еден ден отидов кај сестра ми и плачев, таа на шега рече дека можам да се преселам во некој друг град како Париз“. 

„Имав пријател чија сестра работеше како „au pair“, па ѝ се јавив и стапив во контакт. Потоа побарав веб -страница со „au pair“ работни места.“ - објасни Иден.

За само еден месец, Иден успеа да се пресели. Пронашла семејство чие мало девојче изучува англиски. Ја носи и ја зима од училиште, ја бања, си игра со неа и ја подготвува за спиење. Иден е задоволна од својата работа, иако освен платената кирија, храна, патувања и слично, добива само 80 евра неделно како џепарлак. 

Ѝ недостига семејство кое не го гледа често порадипандемијата. Тие не биле задоволни од овој потег, но Иден вели дека засега нема намера да се врати и дека конечно е среќна!


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: