Гол грб, длабоко деколте, но без вулгарност: Како германската блогерка со еден потег одржа модна лекција во Кан?
Популарната германска блогерка покажа што е стил на црвениот килим...
Моментално се одржува 74 - от Филмски фестивал во Кан, а на црвениот килим прошетаа убавици кои не воодушевија со своите модни избори.
Иако главните улоги требаше да ги имаат познатите манекенки, овој пат најголемо внимание привлекоа помалку познатите дами, кои воодушевија со раскошните креации.
Една од нив е и германската блогерка Лeони Хaнe, која на премиерата на филмот „Everything Went Fine“ дојде во прекрасна зелена креација во која изгледаше како да е излезена од бајка.
извор: MAX_MONTINGELLI / SGP / PROFIMEDIAГол грб, длабоко деколте, но без трошка вулгарност... Фустанот украсен со тул и пердуви во боја на ф'стак изгледаше совршено на популарната блогерка. Модните познавачи нејзиниот стајлинг го оценија со највисока оценка, а еден ден подоцна заблеска во исто така одличен фустан.
Следниот ден, блогерката се одлучи за бел раскошен фустан во кој изгледаше како грчка божица.
извор: SIMONE COMI / IPA / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIAГерманската инфлуенсерка е модна икона и вистинска инспирација. Лeони на Инстаграм ја следат повеќе од 3.5 милиони следбеници, а на модните комбинации кои ги објавува никој не останува рамнодушен.