Голем есенски и зимски тренд за 2020 година: Како да ги носите и комбинирате џемперите без ракави?
Џемперите што личат како да се од плакарот на вашиот дедо се голем хит оваа сезона...
Изгледаат како нешто што е невозможно да се комбинира за да изгледа добро и модерно, но со малку труд и вистински додатоци и ти можеш да носиш џемпери без ракави и да изгледаш одлично.
Во продолжение погледнете неколку начини како да го носите и комбинирате ова модно парче:
# Над бела „оверсајз“ кошула
И не изгледа толку лошо, зарем не? Еден од наједноставните начин за комбинирање на ова модно парче е истото да го облечеш над бела кошула, но подобро одбери некоја која ти е малку поширока. Со „оверсајз“ кошула ќе изгледа повеќе кежуал и модерно, а и нема да се чувствуваш како 40 - годишна тетка. Уште ако џемперот е во некоја весела боја, како оваа на фотографијата, ќе биде уште подобро.
# Контрасна боја на џемпер и маичка под него
Ова навистина е корисно кога температурите ќе се спуштат. Никогаш не е доста од топлина, а која над омилената зимска маичка ќе облечеш џемпер без ракави, ќе ти биде уште потопло. За комбинацијата да изгледа уште подобро, користи контрасни бои. Бело - црно или „нуд“ - розово и тоа се само некои од комбинациите кои ќе изгледаат впечатливо. Зависно од твојот стил, можеш да се одлучиш за тесен или малку поширок џемпер - секако ќе изгледаш одлично.
# Обична бела маичка со кратки ракави
Сега кога се уште не е толку ладно, можеш еден ваков џемпер да облечеш и над најобична бела маичка со кратки ракави. Ваква маичка има секој во својот плакар, а со оглед на тоа дека е бела, одговара на секоја боја на џемпер.
# Над фустан
Уште еден начин на кој можеш да споиш ваков џемпер со нешто што веќе го имаш е да го искомбинираш со фустан. Тенкиот есенски фустан може да изгледа одлично со високи чизми и џемпер. Повторно, ќе ти биде потопло, што е секогаш плус, а и фустанот кој инаку го носиш, вака ќе изгледа поинаку.