Голем есенски тренд: Џемпери со еден посебен детаљ

Голем есенски тренд: Џемпери со еден посебен детаљ

Објавена во: Мода // In and Out

Ќе го следиш ли овој тренд?

Џемпери и маички со јаки - тоа е она што оваа есен ќе се носи. Ова е еден од оние трендови кои сигурно нема да биде за секој.

Супер работа со трендовите е тоа што можеш да уживаш во оние кои ти се допаѓаат и да ги искомбинираш во својот стил и својот плакар, а оние кои не ти се допаѓаат, можеш едноставно да ги игнорираш. Еден од големите модни хитови оваа есен ќе бидат џемперите и маичките со јаки. Колку се поголеми, повоочливи, луди, поинакви - толку подобро. Една добра страна на овој тренд е тоа што доколку ти се допаѓа, не мора навистина да купиш нови парчиња, туку можеш да го искомбинираш зимскиот џемпер со кошула која има кул јака.

Ваквите џемпери се одлична опција за секојдневните модни комбинации. Во продолжение погледнете неколку идеи, за тоа како да го вклопите овој тренд во вашите комбинации.







Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: