Голем товар е презимето Броз, затоа не го зедов: Правнуката на Тито со искрена исповед
Имено, таа е млада академска сликарка, а ова ќе биде нејзина трета самостојна изложба.
Во Ремтинечкиот гар, поточно во Младиот културен центар - МИЦЕК, оваа млада сликарка, 26 - годишната Сара Хас, вчера ја отвори изложбата наречена „Пропламсаџи“, која ќе биде отворена до 14 октомври.
Младата девојка од Загреб, добива се повеќе пофалби од публиката, а наскоро ќе ја има и својата прва независна сценографија во претставата „Заспаната убавица“ во Загребскиот театар за кукли. Таа исто така му помага на сценографот Стефан Катунар, во претставата „Волшебникот од Оз“ во Младинскиот театар во Загреб.
„Сценографијата е нешто ново за мене, една многу креативна професија која сигурно ќе ги отвори хоризонтите во сопственото креативно изразување. Со оглед на тоа дека работата во театар вклучува и работа со луѓе, сосема се разликува од мојата работа како сликарка. Иако сликарството во една рака е професија каде што би требало поголемиот дел од време сум сама со своите трудови и мисли, проади тоа што го делам ателијето со колегите од Акдемијата, никогаш не сум во потполност сама“ - вели Сара на која сликањето и е страст откако знае за себе.
„Додека другите деца си играа со Лего коцки и барбики, јас седев во некое ќоше и цртав“ - додава.
Во уметноста е важно да се биде автентичен.
„Се обидувам својата личност да ја пренесам на платно. Убаво е да се има примери, ги имам и јас, но кога некој од страна е пред моите слики, сакам на некој начин да почувствува како јас дишам“ - смета сликарката, која неодамна го промени презимето, откако неколку години размислувала за тоа.
Татковото презиме Зидариќ исто така го заменив со презимето на својта покојна прабаба Херта Хас, една од петте жени на Јосип Броз Тито.
Херта Хас била високообразована, зборувала странски јазици. Го родила Александар, синот на Тито, дедото на Сара, во пролетта 1941 година во Загреб, а се разделиле поради неговото неверство.
„Презимето од прабаба ми не го земав само од почит кон неа, туку и од почит кон две лица во семејството за кои знам дека се бесконечно среќни што барем некој друг сè уште го носи презимето Хас. За мене, промената на презимето не е голема промена, затоа што јас сум секогаш Сара, на крајот на краиштата, не е тешко да кажам чија сум“ - вели Сара, чии родители се актерот Ранко Зидариќ и режисерката Саша Броз.