Голема Интернет дебата: Која боја се патиките од фотката која ја објави Били Ајлиш?
Секој гледа поинаку...
Историјата се повторува уште еднаш. На Интернетот пред некое време тотално ги збуни фотографијата со фустанот која се прошири и на која секој гледаше друга боја. Сега истото се случува со патиките на Били Ајлиш.
Имено, Били Ајлиш направ нов хаос. На своето Инста стори сподели фотографија со своите стари „Најк“ патики, бидејќи ни таа, а очигледно ни Интернетот, не можат да сфатат што се случува и која боја се. Патиките за кои се зборува се „Niki Air Uptempo“. Били беше уверена дека бојата им е минт, а потоа откри дека неколку луѓе од нејзиниот живот ѝ кажале дека мислат дека носи розово - бели патики кога ги видела на фотографиите. Ги стави на стори и го збуни интернетот. Некои почнаа да пишуваат дека секогаш кога ќе го видат сторите, гледаат друга боја на патиките, а некои се уверени дека се розово - бели, а некои дека се минт - бели. И кој е сега во право?
Факт е дека според Били, сопственичката на патиките и „Најк“, производителот, искомбинирани се белата боја и минт.
А потоа, во приказната се приклучи и мајката на Били која кажа дека таа гледа комбинација на минт и светло розова. Расправата се уште не е завршена, а луѓето на Твитер се апсолутно збунети.
every time i look at billie eilish’s story those shoes are a different colour
— Kumarjit De (@_kumarjitde) October 18, 2020
HOW TF ARE THEY MINT AND WHITE AND NOT PINK AND WHITE!? IM GOING CRAZY. HELP. pic.twitter.com/mYtmYIj8eS
Billie Eilish says her shoes are mint and white. What color do y’all see? Mint and white or pink and white? pic.twitter.com/DKSe0jvPIU
— Rap Alert (@rapalert2) October 18, 2020
Somebody tell me if those sneakers are mint green or pink, cause i see pink okay, is it me thats color blind or billie eilish
— cow (@harharmoo) October 18, 2020
Која боја ја гледаш ти?