Големо враќање на најпопуларните патики од 90 - тите: Каде може да ги најдете?
Патиките за кои мислевте дека се останати во 90 - тите, сега се едни од најпосакуваните...
Доколку ги имате изгледано фотографиите од светските инфлуенсерки, сигурно сте забележале дека по улиците повторно владее ерата на овие патики. Некои од најголемите ѕвезди исто така се заслужни за создавање на мегатрендот, кој е наречен „dad sneakers“.
Оваа сезона скоро сите трендови се од 90 -тите, годините кога едноставноста, комфортот беа на прво место на модниот трон.
Овој глобален тренд, секако со модерен редизајн и естетски разубавување, го доживеа и најнеизбежното парче на секоја модерна девојка, а тоа се патиките. И додека некогаш се носеа елегантни и суптилни парчиња, сега е сосема јасно што се бара - парчиња кои се брзо воочливи, големи и „гласни“. Патиките кои мислевте дека се останати во 90 - тите, сега се едни од најпосакуваните.
Исти вакви може да најдете во продавниците на Fashion Group Македонија, како и на нивната веб страница, каде може да ги нарачете. Ги има во различни бои, нијанси, форми, а она што им е на сите заедничко се високите ѓонови.
Овој тренд не го одминаа ниту познатите македонски ѕвездички. Лина Пејовска, Антониа Гиговска и Ања Ветерова се само едни од листата, а како ги искомбинираа и за кои модели се одлучија погледнете во продолжение.