Горд татко: Како изгледаат и со што се занимаваат децата на Раде Шербеџија?

Горд татко: Како изгледаат и со што се занимаваат децата на Раде Шербеџија?

Објавена во: Совети // Семејство

Актерот Раде Шербеџија може да се пофали со големо семејство. Тој има еден брак зад себе со Иванка Церовац, a сега е во брак со Ленка Удовички и има пет деца - четири ќерки и син.

Фамилијата Шербеџија е во уметничките води, што е некако логично ако се земе предвид фактот средината во која тие пораснале како деца. Единствена ќерка на Шербеџија која не се нурна во уметничките води е Вања Шербеџија. Во интервју за хрватските медиуми, актерот изјави дека таа најмногу „се оддалечила“ од овој свет.

„Вања има смисла за уметност, но таа се одлучи за поинаков пат во животот. Студира во Виена и е одличен студент, што е сосема невообичаено кога станува збор за моето семејство. Таа планира да заврши право или психологија" - објасни Раде Шербеџија изминатата година за „Tportal".

Додека главата на Вања е во книгите и читањето на закони и психологија, нејзината сестра Милица Алма (21), најмладата ќерка, е пејачка и текстописец и љубител на музиката.

Милица, заедно со нејзиниот татко, честопати настапува на музички концерти, а како што објаснува Раде, тој е многу горд на успехот на своите деца.

„Ќерките се мојата гордост и постојано се фалам со нивните успеси и талент. Милица пишува песни, игра и пее, и така јас како татко сакам да ја земам со мене на моите настапи.“

Нина Шербеџија (26) е актерка и веќе од 16 години глумела во „Театарот Ulisses“ на Бриони во претставата „Ромео и Јулија 68'“. Таа зад себе има два филма „Плачот на пеперутката" во 2014-та и „Добредојдовте" во 2010-та година, а заедно со нејзиниот татко го сними филмот „Blossom". Многу личи на својата мајка, а кога првпат играла со Раде во драмата во режија на нејзината мајка, таа дала многу убав коментар за медиумите.

„О, не ме прашувајте ништо. Татко ми глуми, мајка ми режира. Сите нивни пријатели доаѓаат да ja видат малата Нина. Раде и јас сме татко и ќерка во претставата. Тој е досаден, со денови скока околу мене за да го вежбаме текстот и ме замара за дишењето. Од стрес се разболев, имав воспаление на грлото. За среќа, имаме некои третмани, па тие ме излечија.“

Најстарата ќерка на Раде Шербеџија е Луција, која има 45 години. Таа е родена во Загреб и работела како модел, но нејзината прва и единствена љубов е глумата. Таа глумела во бројни филмови од домашнo и странскo производство, но на публиката во театарот и останала во сеќавање по многуте ризичните потези што ги изведуваше за време на претставите.

Во претставата „Дракла" во хрватскиот ЗКМ, Луција имала сцени во кои беше целосно гола.

„И после триесет години од кога некој актер за прв пат се соблече на сцената, се уште постои драма ако некој тоа го направи. За мене ова е малограѓански менталитет и за кој е бесполезно да се разговара."

Луција беше во брак со актерот и режисер Филип Гајиќ, со кој се разведе пред неколку години. Тој во јавноста зборуваше за нивниот развод, а Луција не сакаше да коментира за медиумите поради нејзините малолетни деца.

Четирите успешни ќерки и единствениот син, кој е режисер и најголема гордост Данило Шербеџија, се луѓето со кои Раде Шербеџија во секоја прилика се фали.

Раде Шербеџија и неговата 20 години помлада сопруга Ленка Удовички се повеќе од 30 години во брак.

фото: Profimedia

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: