Горда на своите пеги: Вака изгледа Деми Ловато без шминка

Горда на своите пеги: Вака изгледа Деми Ловато без шминка

Објавена во: Мода // Moj стил

Деми Ловато е позната по тоа што без срам на социјалните мрежи споделува фотографии, како без шминка, така и онакви каде што се гледа дека не е совршена, дека има стрии, целулит итн.

Со тоа им дава до знаење на девојките дека иако е голема ѕвезда и таа има недостатоци и ги поттикнува девојките ширум светот да се прифатат себе и своето тело какво што е навистина.

На нејзиниот Инстаграм профил може да се најде фотографија на која нема ни грам шминка.

„Со години не сум правела #NoMakeupMonday и сфатив дека по толку споделени гламурозни фотки со тон шминка и екстензии во косата, важно е да се покаже кој се крие позади сето тоа. Вака изгледам 85 до 95% од своето време. Горда сум на своите пеги, брада и на себе што сакам и се прифаќам себе каква што сум. #ILoveMe.“ - напиша Деми покрај фотографијата.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: