Горди мајки: Тамара Тодевска и Милена Антовска открија што добија за Денот на мајката од своите деца (ФОТО)
И најобичниот гест за нив значи многу...
Меѓународниот ден на жената во цел свет се одбележува на истиот датум. Ова е ден кога се става акцент на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за истиот потекнува уште од почетокот на 20 - от век, а за неа посебно се заложувало социјалистичкото движење.
Но, вчера исто така во нашата земја се одбележува и Денот на мајката, бидејќи кај нас се празнуваат два празници во еден ден. По тој повод многу мајки се пофалија со честитките кои ги добиле од своите најмили, а ништо поразлични не беа ниту познатите ѕвезди.
На Инстаграм профилот на пејачката Тамара Тодевска, во рамките на опцијата стори, уште можат да се видат објавите на кои нејзините деца, Хана и Дарен, позираа со честитките кои сами ги изработиле за неа.
Ништо поразлична од неа не беше ниту водителката Милена Антовска, која оваа година доби честитка од својата постара ќерка Лана Марија. Имено, таа сподели видео во кое ја покажа целата честитка, а сите останаа разнежнети од емотивните зборови кои нејзината ќерка ѝ ги посветила.
„На твоето лице насмевка да има само, денес е твој ден: Среќен 8 март, мамо!“
фото: Принтскрин / Инстаграм