Гордост е целиот Балкан да ги пее твоите песни: На Каролина Гочева ѝ успеа тоа

Гордост е целиот Балкан да ги пее твоите песни: На Каролина Гочева ѝ успеа тоа

Објавена во: Stars // Музика

Каролина Гочева важи за една од најпознатите македонски пејачки. Таа е добро позната на целиот Балкан, а за тоа говорат и сите нејзини признанија и награди, како и успешни концерти надвор од границите на нашата држава.

Рефрените од нејзините песни ги пејат и нејзините колеги од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора итн. и никогаш не штедат зборови кога сакаат да ја пофалат нејзе и нејзината музика. Но, песните на Каролина се омилени и кај многу од кандидатите кои се дел од многуте балкански музички натпреварувања.

Секогаш кога некој добар пејач сака да покаже колку умее, се одлучува за некоја песна од нашата Каролина, а досега безброј пати се случило и кандидати кои не се од Македонија да пејат нејзини песни.

На пример, во музичкото натпреварува „Ѕвездичките на Пинк“, почнувајќи од Антониа Гиговска, потоа нејзината братучетка Сара Гигови, па сѐ до натпреварувачи од Србија, како што се Валентина Мец, Ирина Арсенијевиќ и многу други.




Но, ништо поразлично не е ниту во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, со тоа што ситуацијата таму е малку поинаква. За песните на Каролина повеќе се одлучуваат натпреварувачите од Македонија. Сања Тодоровиќ и Мими Јовановска во оваа последна сезона, која се уште се емитува, дадоа свој печат на добро познатите песни од Каролина.



Веруваме дека секој нов препев на веќе познат рефрен е навистина голема сатисфакција за еден изведувач, а сигурно и Каролина е горда што многу млади и талентирани пејачи ги пејат нејзините, што воедно покажуваат дека ја обожуваат нејзината музика.

Р.Х.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: