Гордост на мама: Синот на Дани дипломираше во Холандија (ФОТО)
Дани Димитровска е горда мајка на Лазар кој е на студии во Холандија
Пејачката е една од оние познати личности, која приватниот живот вешто го крие со години. Сакајќи да ги заштити своите најблиски членови на семејството од љубопитните погледи на јавноста, таа многу ретко споделува заеднички моменти со нив.
Ова е една од ретките ситуации кога таа сподели фотки со него, а со оглед на тоа што тој не се враќа во Македонија толку често, пејачката секоја прилика ја користи за да оди да го посети.
Овој пат поводот е посебен, односно нејзниот син заврши со студиите, а таа беше дел од прославата по повод доделување на дипломите.