Грешка или откриена тајна: Ингрид објави дека Зејн и Џиџи се венчале

Грешка или откриена тајна: Ингрид објави дека Зејн и Џиџи се венчале

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Се создаде конфузија на Интернет откако Ингрид Михаелсон во нејзиниот лајв на Инстаграм изјави дека Зејн Малик и Џиџи Хадид се венчале.

Додека зборуваше за нејзината нова песна, „To Begin Again“, Ингрид зборуваше за нејзината врска со Зејн и во еден момент рече: „сега кога се ожени“… Интернетот веднаш експлодираше.

„За време на создавањето на песната, јас и Зејн никогаш не се сретнавме. Тој е човек кој никогаш не го прави она што не сака, а фактот дека се согласи да ја направи оваа песна, ми значи многу. Тој многу ја чува својата приватност и сега, кога е оженет и има дете, го правиме само она што тој навистина сака да го направи“ - рече Ингрид.

Во истиот момент, „Зејн е оженет“ стана тема број еден. Сепак, веста за венчавката досега не е потврдена ниту од Зејн, ниту од Џиџи Хадид.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: