Грешки кои децата никогаш нема да им ги простат на родителите: Дури и кога пораснат во сеќавањето ќе им остане врежано ова
Експертите ни откриваат какви грешки во воспитувањето, без разлика на добрата намера, можат да нанесат повеќе штета отколку добро, а децата не им простуваат.
Грешките се составен дел на секој човек, па затоа се неизбежни и во родителството. Колку и да се трудите да не ги направите, тие се едноставно неизбежни.
Според експертите, постојат грешки кои нашите малечки никогаш не ги забораваат, но и оние кои можат да ги простат.
Една од клучните работи е недостатокот на доверба и постојана контрола. Некои родители се толку строги што ги држат своите деца под постојан надзор. Не смеат никаде да излезат од дома без нивна согласност и знаење.
Експертите советуваат дека е исклучително важно да се покаже доверба кај најмладите бидејќи од тоа црпат самодоверба. Сè е многу полесно кога има доверба и кога се разговара со децата на оваа тема. Ако постојано се сомневате во вашето дете, ќе ја скршите неговата верба во себе и ќе му биде потешко да биде успешен во која било професија.
Ако таткото и мајката постојано ги контролирале малечките, не дозволувале да станат одговорни и независни, тоа ќе влијае на нив кога ќе пораснат. Можеби еден ден ќе се соочите со катастрофалното сознание дека вашето дете не е во состојба да направи ништо одговорно и дека вие сте виновни што не му оставивте простор за независност.
Уште една многу важна работа, никогаш не ги споредувајте децата со никого, тие се многу чувствителни за тоа и нема да ви простат. Малите деца чии родители не се споредувале со другите деца станале самоуверени, додека вторите продолжиле да се споредуваат со другите дури и во зрелоста. Ова кај нив може да развие депресија, несигурност и завист, пренесува Новости.рс.