Грета Тунберг со донација од 100.000 евра за набавка на вакцини во сиромашните држави
Активистката за заштита на околината, Грета Тунберг ќе добира 100.000 евра за набавка на вакцини против коронавирусот во сиромашните држави. Парите ќе ги донира преку својата добротворна организација на Светската здравствена организација (СЗО).
Апелираше на властите и произведувачите на вакцини да се борат против нееднаквоста во дистрибуцијата на вакцините, а откако најбогатите земји ги купиле поголемиот број дози. Со тоа без нив останале сиромашните земји.
Нејзиниот апел е упатен по објавата на „WHO“ дека минатата седмица се регистрирани нови 5,2 милиони луѓе позитивни на коронавирусот, а што е најголем број во една седмица.
„Потполно е неетично да во богатите држави сега се вакцинираат младите и здрави луѓе, доколку тоа оди на штета на оние кои се во здравствен ризик и на првата линија во борбата против пандемијата во сиромашните држави“ - порача Тунберг како гостин во редовниот брифинг на WHО.
Таа упати пофалби зборови поради брзината со која се направија вакцините и напомена дека во богатите земји се вакцинира еден од четири луѓе, додека во оние сиромашните се вакцинира едно од 500 луѓе.
„Меѓународната заедница, владите и произведувачите на вакцини мораат да бидат повеќе посветени на борбата против трагедија како што е нееднаквоста со вакцините“ - посочи таа.
фото: Flickr/World Economic Foru